ВМРО-ДПМНЕ е партија која е сигурна дека на следните избори ќе има мнозинство и ќе има мандат да ја формира владата. Имаме желба да соработуваме со опозиционите партии, затоа што смена на власта значи смена на целата власт, не само на еден дел. Но, исто така ќе побараме од сите политички партии и пратеници согласно Уставот да си потпишат изјава и да дадат заклетва дека го почитуваат Уставот на Македонија и нејзиниот територијален интегритет, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за „Тема на денот” во Дневникот на Сител.
Милошоски нагласи дека бројката што ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ на изборите ќе биде доволно убедлива за сите коалициски партнери да се фокусираат на програмата.
– Најголемиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат граѓаните на следните избори. Сметам дека голем дел од граѓаните без разлика на етничка припадност, станаа свесни дека животниот стандард и квалитетот на живот изминативе 6 години со власта на СДС и ДУИ опаѓа – рече тој.