More

    Паро го победи ракот и дојде до злато на Олимпијада

    spot_img

    Канадскиот сноубордер Макс Паро освои златен медал во дисциплината слоуп-стајл на Олимписките игри во Пекинг. Најдобри оценки ги доби за второто возење, 90,96, благодарение на што стана олимписки шампион. Паро го освои вториот олимписки медал во кариерата, откако пред четири години го освои среброто.

    Успехот во Пекинг стана уште поважен ако се знае дека по натпреварот во Пјонгјанг му беше дијагностициран карцином. По шест месеци хемотерапија, болеста била надмината, па Паро му се вратил на спортот што го сака.

    Второто место му припадна на 17-годишниот Џиминг Су. Кинезот беше одличен и во второто возење, кога доби 88,70 поени.

    Бронзениот медал му припадна на Канаѓанецот Марк МекМорис, кој за третото возење беше оценет со 88,53 поени.

    Меѓу најдобрите пет се најдоа Американецот Редмонд Џерард и Италијанецот Емилијано Лаучи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img