More

    Парите за Кико се собрани, семејството е бескрајно благодарно и борбата продолжува

    spot_img

    Кога институциите и државата затајуваат, народот се обединува. Така беше и во случајот со Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван за чие лекување се собираа парични средства преку донации. Парите се собрани за четири дена, а семејството започнува постапка за стопирање на телефонските броеви за донации.

    „Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат… Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце“, објави на својот Фејсбук профил јутјуберот Стефан Лазаров кој му пружи голема поддршка на момчето.

    По информацијата дека се собрани парите за лекувањето на Кико во Турција, се огласија од неговото семејство.

    Коцеви се заблагодарија за сета поддршка и пренесоа дека Кико на сите им праќа прегратки и бакнежи.

    „Бескрајно сме ви бладорарни на сите знајни, незнајни, на фамилија, друштво на сите вас што бевте со нас. На сите што дадовте се од себе за Кико. Бескрајно сме благодарни на Стефан Лазаров за целата иницијатива за лекувањето и донации за Кико. Во ниту еден миг не не остави ниту нас ниту Кико, со секој повик, порака и посета му даваше сила да издржи, да се бори и да не се откажува. Нема oткажување никако! Бескрајно сме ви благодарни што се молевте за Кико. Бескрајно сме благодарни и на целиот медициски персонал во Штип и Скопје што дадоа се од себе за Кико. Бескрајно сме ви благодарни на сите вас што споделувавте на социјалните мрежи и што дониравте на сметки, броеви, на сите вас што се организиравте на секаков начин да собереме средства за Кико. Кико знае дека сите се обединивте за него, цела Македонија и дијаспора заедно за Кико. На сите ви праќа гушки, бакнежи, сите ве сака. Молете се за Кико се да биде добро, убаво и да е среќен. Борбата продолжува Кико е најголемиот борец ќе се избориме сите заедно“, објави семејството на Кико.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img