Познатата наследничка на ланецот хотели Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум го добија своето прво дете.
Хилтон на Инстаграм објави фотографија од бебето како ја фаќа за палецот.
„Невозможно е да се опише колку сте веќе сакани“, напиша Хилтон со емотикон со сино срце.
Американските таблоиди објавија дека момчето го родила сурогат мајка.
Поранешната реалити ТВ ѕвезда Хилтон (41), во интервју минатиот месец откри дека започнала со ИВФ со нејзиниот сопруг инвеститор за време на пандемијата. Тие се во брак од 2021 година.
„Бидејќи светот се затвори“ во раните фази на пандемијата „Ковид-19“, беше „совршено време“ да се „подготват сите јајца“, изјави Хилтон за People.
Хилтон додаде дека нејзиното семејство „пука од љубов кон нашето момче“.