More

    Папата прогласи 10 нови светци

    spot_img

    Папата Франциск денеска прогласи десет лица за светци, меѓу кои еден холандски свештеник, борец против нацизмот, убиен во концентрациониот логор Дахау и францускиот монах пустиник убиен во Алжир.

    Папата (85) беше донесен до олтарот во инвалидска количка поради болки во колената и нозете. На плоштадот Свети Петар имаше повеќе од 50.000 луѓе, што е еден од најголемите собири по ублажувањето на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на ковид – 19.

    Тој ги прочита имињата на канонизираните лица, а по прогласувањето на секој за светец, насобраните скандираа.

    Холандскиот свештеник Титус Брандсма бил член на кармелитскиот верски ред и директор на Католичкиот универзитет во Нијмеген. Тој отворено зборувал против нацистичката идеологија уште пред Втората светска војна и германската инвазија на Холандија во 1940 година.

    Брандсма беше уапсен во 1942 година. Прво беше задржан во холандски затвори, а потоа одведен во злогласниот логор Дахау, каде што беше подложен на биолошки експерименти. На крајот бил погубен со смртоносна инекција на 61-годишна возраст.

    Вториот новопрогласен светец е Шарл де Фуко, француски благородник, војник, истражувач и географ од 19 век, кој подоцна се преобратил и станал свештеник и живеел како пустиник меѓу сиромашните Бербери во Северна Африка. Убиен е во Алжир во 1916 година.

    Меѓу другите осум лица канонизирани се Девасахајам Пилаи, кој беше убиен поради преобраќање во христијанство во Индија во 18 век, и Сезар де Бус, француски свештеник од 16 век кој основал религиозен ред.

    Папата Франциск канонизираше и двајца италијански свештеници, три италијански калуѓерки и една француска калуѓерка. Сите тие живееле помеѓу 16. и 20 век.

    – Овие светци влијаеле на духовниот и социјалниот развој на нивните народи и на целиот човечки род, а во денешниот свет, за жал, дистанцата се продлабочува, а тензиите и војните зачестуваат – рече папата Франциск по мисата.

    Тој додаде дека „светските лидери мора да бидат протагонисти на мирот, а не на војната“, алудирајќи на војната во Украина.

    На сите нови светци им се препишуваат чуда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img