More

    Папата Франциско се моли за двете страни во конфликтот во Израел

    spot_img

    Папата Франциско денеска одвоено се сретна со израелските роднини на заложниците кои ги држат Хамас и со Палестинците со семејствата во Газа и рече дека конфликтот отишол подалеку од војната и станал „тероризам“. Говорејќи без пишан текст  публиката денеска на Плоштадот Св. Петар, веднаш по состаноците во раните утрински часови во неговата резиденција, папата Франциско рече дека директно слушнал како „страдаат двете страни“ во конфликтот.

    „Тоа е она што го прават војните. Но, ова ја надмина војната. Ова не е војна. Ова е тероризам“, рече папата и побара молитва за двете страни „да не одат со страсти кои на крајот ќе ги убијат сите“.

     

    Состаноците и коментарите на папата Франциско дојдоа неколку часа откако израелската влада и Хамас се договорија за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена, што ќе овозможи да пристигне помош и да се ослободат најмалку 50 заложници кои ги држат милитантите во замена за најмалку 150 затворени Палестинци во Израел.

    Израел ја држи Газа под опсада и немилосрдно ја бомбардира по нападот на Хамас на 7 октомври, во кој според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе, главно цивили.

    Израелската војска оттогаш убила повеќе од 13.000 жители на Газа, од кои околу 40% се деца, рекоа медицинските претставници на територијата под контрола на Хамас, бројки што Обединетите нации ги сметаат за сигурни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img