More

    Папарацо фотографиите му ставија крај на бракот

    spot_img

    По 20 години брак, славната двојка Тони Колет и Дејв Галафаси се разведуваат откако тапанарот беше фатен од папараците како се бакнува со помлада жена на плажа во Сиднеј.

    Популарниот тапанар беше фотографиран во страсна прегратка со Шенон Иган, киропрактичарка од Австралија. Новопечената двојка уживала, сурфајќи и сончајќи се на плажа, очигледно мислејќи дека никој нема да ги види. Сепак…

     

     

    Тони Колет имено, преку таблоид дознала дека нејзиниот сопруг Дејв Галафаси ја изневерува со помлада жена. Британски „Дејли мејл“ објави фотографии од Галафаси како се бакнува со непозната жена на плажа во Австралија. Како што се испостави подоцна, тоа била Шенон Иган, киропрактичарка од Сиднеј.

    „Објавуваме дека се разведуваме. Се согласуваме со оваа одлука и со почит се разделуваме. Нашите деца се од најголема важност за нас и ние ќе продолжиме да напредуваме како семејство, иако во поинаква форма. Благодарни сме за просторот и љубовта што ни ги давате додека поминуваме низ ова. Големо благодарам“, објави парот.

    Тони го запознала Дејв додека го промовирала албумот на неговиот бенд во тоа време и набргу потоа го кажале судбоносното „да“ на будистичка церемонија во 2003 година.

    Парот живеел помеѓу Лос Анџелес и Сиднеј, со оглед на тоа што Колет е по потекло од Австралија. Во бракот имаат две деца – ќерката Сејџ Флоренс (14) и синот Арло Роберт (11).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img