Легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев, на гостувањето во Дејли Клик на ТВ21 ги објасни причините зошто прифати да биде дел од новото раководство во Фудбалската федерација на Македонија, на чие чело од пред неколку дена е Масар Омерагиќ.
Горан Пандев во иднина ќе ја извршува функцијата спортски директор на репрезентацијата.
– Прифатив да бидам дел од новото раководство на ФФМ, за да го вратиме фудбалот. Со новиот претседател Масар Омерагиќ имаме исти идеи, и имаме луѓе кои ќе придонесат да се подигне нивото на фудбалот. Ова е работа нова за мене, ќе ми треба време да се навикнам, но борец сум по природа, и се надевам дека брзо ќе се адаптирам – рече Пандев.
Време е да се мрднат работите од мртва точка, додаде тој.
– Во изминатите години фудбалот падна на многу ниско ниво, особено клупскиот. Мислам дека со нашето доаѓање ќе ставиме врвни селектори на младинските категории, и ќе ја пополниме таа дупка која се создаде – кажа Пандев.
фото: МИА