Панче Тошковски ветува дека веќе нема да има недопирливи, но ќе се гонат само со факти и докази

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, жали што СДСМ се појавува како заштитник и покровител на сите криминали на ДУИ во минатото. Оваа изјава на Тошковски доаѓа откако тој вчера беше нападнат од опозицијата во врска со неговиот недвижен имот.

На денешната прес-конференција Тошковски рече дека очекувал биде нападнат од ДУИ по поднесените кривични пријави против внуците на Али Ахмети, Дрин и Бесијан.

– Сакам да најавам дека и во иднина, МВР, врз основа на докази и факти, ќе ги процесуира сите постапки, за секој еден од оние коишто досега биле недопирливи и чие што име и презиме не смеело да се каже во истражните органи. Министерството во иднина нема да брка вештерки, туку ќе биде насочено кон конкретни докази, особено за дејствија кои се на штета на Буџетот и македонските граѓани. Жалам што на таков низок и дрзок начин беа фрлани пердуви и беше манипулирана јавноста во текот на вчерашниот ден. Очекувам уште пожестоки напади – изјави Тошковски.

Тој додаде дека „секој македонски граѓанин знае кој душмански ја крадел Македонија“, а негова работа, како што вели, е сите сомненија да ги процесуира каде што има докази.

Share This Article