Памела Андерсон ќе глуми во третиот дел од „Јужен ветар“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Според српските медиуми, холивудската ѕвезда Памела Андерсон ќе глуми во продолжението на хит филмот со Милош Биковиќ, „Јужен ветар 3“.

.Имено, публиката моментално ужива во серијата „Јужен ветер: На граница“, а во лето веќе ќе започне и снимањето на продолжението на филмот.

Третиот дел носи и нови авантури надвор од границите на Србија, како и осврт на меѓусебните односи и ситуации чиј исход ќе биде неизвесен.

– Точно е дека во филмот ќе има голема ѕвезда. Не сакаме да го објавиме нејзиното име додека не почне снимањето – изјави за српски „Курир“ продуцентката Татјана Жежељ Гојковиќ.

Според „Курир“, информацијата дека Памела ќе се појави во филмот не била изненадување со оглед на тоа што таа ги има истите застапници како актерите Вилијам Болдвин и Ерик Робертс, кои глумеа во втората сезона на истоимената серија.

Како што пишуваат српските медиуми, третиот дел од „Јужен ветар“ ќе биде готов за кино во 2024 година.

Share This Article