Палестинскиот претседател Абас бара политичко решение на конфликтот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека единственото политичко решение за деескалација на конфликтот во регионот на Појасот Газа е „крај на израелската окупација на Палестина“.

Тој во телефонски разговор со алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун рече дека е неопходно да се работи со сите страни за да се запре агресијата на Израел.

– Воспоставувањето безбедност и мир во регионот бара прекин на окупацијата на државата Палестина, со Ерусалим како главен град – рече Абас.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека во текот на денот треба да разговара со лидерите на Франција, САД и Велика Британија за кризата предизвикана од ненадејниот напад на Хамас врз Израел.

– САД, Велика Британија, Франција и Германија се обединети, истакна Шолц на заедничката прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон во Хамбург.

Шолц потенцира дека „не смее да се дозволи ова да го запали регионот“.

И министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапската лига закажаа состанок за како што велат, „да се запре израелската агресија“ врз Појасот Газа. Состанокот е закажан за 11 октомври во Каиро. Вонредната седница ќе се одржи на барање на Палестинците.

Арапска лига со седиште во Каиро е регионална организација на арапските земји од Блискиот Исток и северна Африка. Организацијата е формирана во 1945 година и денес брои 22 членки. Главна цел е да се координира нивната соработка, да се обезбеди независноста и суверенитетот, и генерално да се координираат работите и интересите на арапските земји.

Share This Article