Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка.
При неговото пристигнување од Турција во Македонија, тој со себе донел и еден куфер.
Директорот на затворот Филип Андов, открил што имало во куферот.
– Па може да нагласам дека имаше една интересна работа, имаше плазма телевизор, од Турција му бил, за притвор, но тука каде што е, ние немаме 220 волти струја, регулирана е на 12 волти, само за светло, специјално за собата каде што ќе биде тој – вели Филип Андов за КОД.
Во куферот имало и банкноти во евра и турски лири.
– Лични работи имаше и некои валути во евра и во турски лири. Направен е записник – вели директорот кој посочи дека тоа е стандардна процедура за секој притвореник.