Пак ли Македонија ќе биде ставена пред свршен чин?!

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Македонија не стасал никаков француски предлог, но постои политичка волја Бугарите во земјава да бидат внесени во нашиот Устав, што сепак не може да се отвори и да се измени за една недела, туку за сто дена. Покрај овој технички аспект, постои и политички – треба да има гаранција дека уставните измени се последното барање од владата на Бугарија. Бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија.

Ова го кажа претседателот на државата Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Жан Мишел во Охрид.

Франција денеска ќе го достави официјалниот предлог за кревање на ветото кон Северна Македонија, а како што претходно јавија бугарски медиуми, премиерот на Бугарија Кирил Петков после тоа до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

– Промената на конституцијата на секоја држава е многу сериозна работа, за која треба многу размислување. Замислете шест месеци од сега, до година, некоја следна бугарска влада или истава, сеедно, да каже сега бараме уште нешто. Значи, ние во тој дел бараме цврсти политички гаранции и од ЕУ, не само од Софија. Проштевајте, тоа нема да ни биде доволно. Бараме гаранции дека тоа ќе биде последното бугарско барање во однос на овој проблем, во однос на ова прашање – истакна Пендаровски.

На прашање дали доколку тоа барање биде ставено во преговарачката рамка ќе биде доволна гаранција дека Бугарија ќе нема други барања, Пендаровски одговори дека „ако во преговарачката рамка има формулација во која ќе се каже дека ова е последното бугарско барање во однос на ова прашање, немаме проблем со тоа“.

– На Балканот ние сме изгорени многу пати. Меѓу нас сме имале турбулентна историја и најчесто политичката реторика или само зборовите не ни се доволни. Не е лошо да има нешто и на хартија – рече претседателот Пендаровски.

„Сакаме и работиме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и за Албанија. Не сум сигурен што ќе се случи на претстојниот состaнок на Европскиот совет, но ќе направиме се да бидат преземени одлучувачки чекори“, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, одговорајќи на новинарско прашање што содржи францускиот предлог за тргање на бугарското вето, кој, како што јавија медиумите во Софија, премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска ќе го достави до парламентот.

– Има фрустрација и недоверба на двете страни. Време е да се делува. Војната во Украина го забрза процесот. Сакаме да го одблокираме процесот за Северна Македонија и Албанија. Многу е важно да се одржува темпото и да се биде активен во процесот – рече Мишел, најавувајќи дека наредната недела ќе организира состанок на 27-те земји членки и земјите од Западен Балкан.

Претседателот Стево Пендаровски нагласи дека францускиот предлог е интерна работа на ЕУ во рамки на на подготовката на заклучоците на Европскиот совет што Франција, како претседавач со ЕУ, треба да ги достави до сите земји членки.

- Advertisement -
Ad image

– Заклучоците се далеку од готови. Ние не можеме да влијаеме. Тоа е работа на земјите членки. Сигурно е дека ќе има параграф за Северна Македонија, како и за други земји. За тоа се прашуваат сите земји членки, вклучувајќи ја и Бугарија – нагласи Пендаровски.

Претседателот Пендаровски нагласи дека до властите во Скопје не е стигнат никаков француски предлог и одби да ги коментира настаните во Бугарија.

 

- Advertisement -
Ad image

БУЈАР ОСМАНИ: Прво да видиме усогласен предлог на сите земји-членки на ЕУ

„Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме“, истакна министерот Бујар Османи на прес-конференција во Охрид, пред почетокот на Преспа форумот за дијалог 2022.

На новинарско прашање зошто на Форумот нема претставник од Бугарија, тој рече дека е разбирливо што нема учесник од Софија поради нивната сложена внатрешна политичка ситуација.

– Во оваа фаза треба да се утврди дали има политичка волја да се најде решение. Ако тоа го дефинираме во овие денови, ќе продолжиме таму каде што застанавме. Викендов остваривме напредок во разговорите, сметам дека во последните денови француското претседателство треба да го преземе кормилото и да ни каже дали има простор за некаков посуштински ангажман и дали ќе одат на нареден чекор – рече Османи.

Share This Article