Продолжува незапирливиот пад во кариерата на Деле Али, некогаш најталентираниот англиски фудбалер.
Турските и англиските медиуми објавија дека тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш, го исфрлил Деле Али од првиот тим и дека не планира да го вклучи на ниту еден меч до крајот на сезоната.
Му беше кажано дека ќе ги гледа натпреварите од трибините додека не се врати во Евертон.
Клубот од Истанбул имаше опција да го откупи неговиот договор од Евертон за 10 милиони евра, но сега дефинитивно се откажа.
Своевремено, Деле Али две години по ред беше прогласуван за најдобар млад играч на Премиер лигата, што успеаја само Рајан Гигс, Вејн Руни и Роби Фаулер.
Тогаш блескаше во дресот на Тотенхем, одигра и 37 натпревари за репрезентацијата на Англија, но во последните години неговата кариера бележи голем пад.