Ознаката „медиум финансиран од државата“ беше најдена под името на профилите на познатата британска куќа Би-Би-Си

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ознаката „медиум финансиран од државата“ беше најдена под името на профилите на познатата британска куќа Би-Би-Си, но и американското Национално јавно радио Ен-Пи-Ар. Претходно, Ен-Пи-Ар беше означен како „медиум поврзан со државата“, односно медиум со недостаток на уредувачка независност.

Твитер ја смени етикетата во саботата вечер откако од Ен-Пи-Ар се пожалиле дека терминот „поврзан со државата“ е погрден и неточен.

Всушност, првично Твитер минатата недела го означи Ен-Пи-Ар на истиот начин како кинеските и руските платформи контролирани од владите во овие земји.

Во знак на протест, Ен-Пи-Ар престана да го користи Твитер и да пушта твитови. Главниот Твитер профил на Ен-Пи-Ар, со повеќе од 8,8 милиони следбеници, ги повика корисниците „да ги пронајдат на друго место каде што ќе ги читаат нивните вести“.

 

 

Извршниот директор на Ен-Пи-ар, Џон Лансинг, изјави дека одлуката на Твитер е „неприфатлива“.

Радиото, кое е  еден од најпочитуваните американски медиуми, соопшти дека помалку од еден процент од нејзиниот оперативен буџет доаѓа од федерални извори.

Медиумите јавуваат дека Твитер слична етикета му залепил и на Би-Би-Си, а компанијата веднаш се обратила до Твитер за објаснување.

- Advertisement -
Ad image

„Би-Би-Си е независен и отсекогаш бил. Ние сме финансирани од британската јавност преку претплати“, соопшти британскиот медиум.

Претплатата, чиј износ го одредува владата, изнесува 159 фунти годишно.

Твитер профилот на Би-Би-Си, со 2,2 милиона следбеници, ја доби ваквата ознака, додека попопуларните профили поврзани со ударните вести и спортските изданија на корпорацијата во моментов не се опишани како такви. Истото е случај и со другите Ен-Пи-Ар профили, како што е тој за музика.

- Advertisement -
Ad image

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, го опиша Би-Би-Си како една од „најмалку пристрасните“ организации откако радиодифузерот се спротивстави да биде означен како „медиум финансиран од владата“.

„Треба да напоменам дека ги следам вестите на Би-Би-Си на Твитер, бидејќи мислам дека тие се меѓу најмалку пристрасните“, наведе Маск.

Во случајот со Ен-Пи-Ар, Маск напиша дека мотото на Твитер  едноставно е „правичен и еднаков пристап“, па „ако неамериканските акаунти (профили) ги означиме како про-владини, тогаш истото треба да го сториме и за акаунтите во САД, но звучи како тоа овде можеби и не е вистина“.

Бизнис Инсајдер објави дека иста ваква ознака добиле и медиумите Гласот На Америка (ВОА) и Пи-Би-Ес.

Share This Article