Овоштарите ќе го блокираат патот Битола – Охрид

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.

Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари.

– Протестот го организираме затоа што сè уште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме, град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година, врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари – изјави Пампулевски.

Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и со министерот Бесими за решавање на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец.

– Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата – нагласи Пампулевски.

Протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“ е уредно пријавен, посочија организаторите.

Share This Article