Иако процесот на стареење може да се „забави“ со правилна нега на кожата, како и со некои производи и третмани, добро е да се знае дека имаме сојузник во борбата против возраста и во храната.
Така, покрај постојаната хидратација на организмот, добро е да му обезбедите и некои хранливи состојки, пред се од овошјето и зеленчукот.
Дерматолозите д-р Мариза Гаршик и д-р Пол Џарод Френк избраа овошја за кои и двајцата веруваат дека можат да бидат корисни кога станува збор за забавување на процесот на стареење на кожата.
Цитрус
Како што можеби веќе знаете, тие се полни со витамин Ц, па на сите кои сакаат да го одложат појавувањето на брчките им се советува да јадат што повеќе лимони, портокали, кумквати и грејпфрути.
Познато е дека витаминот Ц го стимулира производството на колаген, што помага да се подобри целокупниот изглед на фините линии и брчките“, објасни д-р Гаршик.
Боровинки
Дополнително, д-р Френк вели дека боровинките се особено богати со витамините А и Ц, па како такви го спречуваат предвременото губење на колагенот.
„Покрај тоа, тие имаат многу антиоксиданси кои можат да ја одржат вашата кожа хидрирана и сјајна“, се вели во написот неодамна објавен во „Cleveland Clinic“, во кој се додава дека тие исто така можат да помогнат во контролата на нивото на холестерол и шеќер во крвта, пишува MSN, пренесува Вечерњи.хр.