Заматениот вид може да биде еден од знаците за опасно висок крвен притисок, предупредуваат лекарите.
Покрај вообичаените симптоми кои укажуваат на висок крвен притисок како главоболка, крварење од носот, замор, отежнато дишење, забрзано чукање на срцето и зуење во ушите, лекарите издвоиле уште еден симптом за кој веруваат дека сигнализира и висок крвен притисок, пренесува Индекс. Станува збор за проблеми со видот, поточно заматен вид што само неколку луѓе го поврзуваат со висок крвен притисок.
Како што е објаснето од Американското здружение за срце, недостатокот на проток на крв во мрежницата доведува до заматен вид или целосно губење на видот, а луѓето со висок крвен притисок се изложени на уште поголем ризик да ја развијат оваа состојба. Високиот крвен притисок, исто така, може да предизвика акумулација на течност под мрежницата, што го нарушува видот.