Поради поскапувањето на енергенсите, се повеќе луѓе се свртуваат кон електричните автомобили, како и оние со најмала можна потрошувачка на гориво. Секој кому потрошувачката му е еден од главните фактори при купување возило би можел да биде шокиран од информацијата за озлогласениот рекордер произведен во шеесеттите години на минатиот век.
Шевролет Камаро првично беше претставен како одговор на Форд Мустангот во 1966 година. Првата генерација на овој спортски автомобил се произведуваше во САД до 1969 година. Основниот Camaro го придвижуваше 3,8-литарски шестцилиндричен мотор со 140 КС и мануелен менувач со три брзини, според списанието HAK.
Со вградување на V8 мотор (верзија SS) од 6,5 литри и 350 КС, просечната потрошувачка на 100 километри беше околу 43 литри. Односно, литар гориво за нешто повеќе од два километри.
Заедно со сопственоста на Camaro, како што на шега пишува Revija HAK, потребно било да се закупи и бензинска пумпа.