More

    Овој инцидент нема да влијае врз соработката на САД со партнерите и сојузниците

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците.

    – Врз основа на разговорите што ги имав, не слушнав ништо што би влијаело на нашата соработка со сојузниците и партнерите – наведе Блинкен, додавајќи дека од друга страна, слушнал за „благодарност“ за преземените чекорите од страна на Вашингтон.

    На денешната средба во Ханој на Блинкен со премиерот на Виетнам, Фам Мин Чин беше ветено дека ќе се подигнат билатералните односи на повисоко ниво.

    – Ова беше многу сеопфатен и ефективен разговор и ќе продолжиме да ги продлабочуваме односите во иднина. Многу ја цениме улогата и одговорноста на САД кон азиско-пацифичкиот регион или, во поширока смисла, кон индо-пацифичкиот регион – истакна Чин, додавајќи оти виетнамската комунистичка Влада сака интензивирање на билатералните односи.

    И покрај загриженоста за состојбата со човековите права во Виетнам, за Вашингтон Ханој е клучна компонента за американската стратегија за регионот и се обидува да го искористи традиционалното ривалство на Виетнам со Кина за да го прошири американското влијание во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img