More

    Овие намирници најчесто предизвикуваат надуеност

    spot_img

    Надуеноста е нормална и е комбинација од две работи: воздухот што го голтате додека јадете и храната што ја јадете. Како што објаснува гастроентерологот Дејвид Поперс, корисно е да се знае која храна може да предизвика гас повеќе од другите.

    „Секој има различни бактерии во цревата и тие обично се одговорни за гасовите“, изјави тој за Men’s Health.

    Според Клиниката во Кливленд, гасовите најчесто се предизвикани од несварливи јаглехидрати.

    „Повеќето јаглехидрати се разложуваат на молекули на шеќер, но влакната не можат да се разложат на молекули на шеќер и наместо тоа минуваат низ телото несварени. Кога ќе стигнат до дебелото црево, бактериите започнуваат процес на ферментација кој произведува гасови, а кога ќе се акумулираат, чувствуваме надуеност“, објаснува др. Кристин Ли.

    Еве кои намирници се најчестите виновници за ветерот:

    брокула, зелка и друг зеленчук богат со растителни влакна,

    овес и интегрален леб,

    млеко, сирење и јогурт,

    јаболка, банани и праски,

    грав,

    газирани пијалоци,

    протеини,

    вештачки засладувачи,

    смокви, сливи и костени.

    Ако гасовите станат проблем, можеби е добра идеја да се обидете да водите дневник за храна за да дознаете која храна да избегнувате. Вежбајте повеќе, јадете повеќе киви, изберете ориз како извор на јаглехидрати, одвојте време да јадете и ограничете го внесот на алкохол.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img