Се фрлате и се вртите во кревет и не можете да заспиете? Јадете ориз, советуваат диететичарите. Иако оваа храна доби лоша репутација, може да го подобри квалитетот на вашиот сон.
„Постојат хранливи материи корисни за спиење кои се наоѓаат во храната богата со јаглехидрати. Тоа се, на пример, витамин Б6 и влакна“, вели диететичарот Карман Мајер.
Според Мајер, јаглехидратите можат да бидат и корисна и негативна храна за спиење, во зависност од тоа дали се сложени или едноставни јаглехидрати и со што ги комбинираме.
„Јаглехидратите со висок гликемиски индекс како оризот можат да помогнат во подобрувањето на производството на мелатонин, хормон за спиење кој помага во регулирањето на внатрешниот часовник на телото“, вели диететичарката Џули Пејс.
Студијата од 2020 година објавена во списанието Nutrients, спроведена на 60 возрасни Јапонци, покажа дека оние кои консумирале ориз со сите три оброци во текот на два месеци пријавиле подобар квалитет на сон.
Оризот содржи магнезиум, но повеќе го има во кафеавиот отколку во белиот. Магнезиумот помага да се намали нивото на стрес и промовира чувство на смиреност и релаксација, што ќе ни помогне да заспиеме побрзо.
Покрај горенаведеното, оризот сè уште е една од поевтините намирници на пазарот и може да се комбинира со повеќето јадења.