На нашето тело му треба холестерол во одредени количини. Тој игра важна улога во процесот на варење, производството на хормони и витамин Д. Овој елемент главно се наоѓа во храната од животинско потекло, но и во нашите клетки. Но, доколку ги надмине дозволените вредности, може да биде исклучително опасно за нашето здравје.
Вишокот холестерол има тенденција да се залепи на внатрешните ѕидови на крвните садови, што предизвикува болести како висок крвен притисок, атеросклероза, срцеви заболувања, бубрежни заболувања итн., пишува Б92.
Холестеролот се создава во црниот дроб, а неговата концентрација во крвта најмногу е поврзана со исхраната. Зголемените вредности на LDL холестеролот најчесто се предизвикани од неправилна исхрана и стрес.
Една храна се покажала како особено важна кога станува збор за намалување на лошиот холестерол. Тоа е соја. Најновите студии покажаа дека сојата може да го намали нивото на лошиот холестерол за 3 проценти. Научното списание „The Journal of Nutrition“ ги објави резултатите од ова истражување во 2019 година.