More

    Оваа храна е најлоша за здравјето на срцето, избегнувајте да ја консумирате

    spot_img

    Контролирањето на факторите на ризик како што се исхраната, физичката активност, консумирањето тутунски производи и контролата на крвниот притисок може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Иако многу фактори можат да предизвикаат проблеми со срцето, исхраната исто така игра значајна улога. Затоа, лекарите објаснија кои видови на храна имаат најлош ефект врз здравјето на срцето.

    Пржена храна
    Јадењето пржена храна може да го зголеми нивото на крвниот притисок, да го намали ХДЛ „добриот“ холестерол и да предизвика дебелеење, а сето тоа може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Студијата објавена во 2021 година покажа дека јадењето пржена храна може да го зголеми ризикот од сериозни срцеви заболувања и мозочен удар, пренесува Klix.ba.

    Рафинирани јаглехидрати
    Рафинираните јаглехидрати се храна која поминала низ производствен процес кој го отстранува најголемиот дел од нивната хранлива вредност. На храната која поминала низ овој процес и недостасуваат влакна, витамини, минерали и полифеноли.

    Рафинираните јаглехидрати, кои се наоѓаат во белиот леб и слично, немаат апсолутно никакви влакна и други хранливи материи, што доведува до зголемување на телесната тежина и зголемен ризик од дијабетес и срцеви заболувања.

    Преработена храна
    Консумацијата на преработена храна, која е богата со шеќер, може да биде штетна за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Преработеното месо е најлошата храна за нашето срце. Дополнително, студија од 2021 година открила врска помеѓу поголем внес на преработена храна и сериозни кардиоваскуларни болести.

    Слатка храна
    Редовното консумирање слатка храна со текот на времето може да доведе до ризик од срцеви заболувања. Студија од 2023 година покажа дека премногу шеќер може да биде штетно за срцето. Затоа, треба да избегнуваме слатка храна и пијалоци како колачи, слатки и газирани пијалаци бидејќи тие можат да придонесат за дебелина и да му наштетат на здравјето на нашето срце.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img