Оваа година беше запленета количина на фентанил која може да ги убие сите Американци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Запленетата количина на фентанил во 2022 година е доволна да ги убие сите граѓани на САД, објави денеска американската Администрација за борба против дрогата (ДЕА).

Фентанил е смртоносна дрога која е 50 пати посилна од хероинот, а смртоносната доза за човек може да се спореди со врвот на моливот, јавува Би-Би-Си.
Во 2022 година, ДЕА заплени повеќе од 4.500 килограми фентанил и 50,6 милиони апчиња фентанил, погрешно претставени како лекови против болки од препродавачите, двојно повеќе отколку во 2021 година.

Најголемото количество од оваа дрога пристигнува во САД од Мексико, каде што се произведува во тајни фабрики од нарко картелите Синалоа и Халиско, користејќи хемикалии од Кина, а главен приоритет на ДЕА е да ги разбие овие два нарко-картели, рече директорот на ДЕА, Ен Милграм.

Повеќе од 100.000 Американци починаа како резултат на предозирање во 2021 година, а фентанилот беше одговорен за две третини од овие смртни случаи.

Share This Article