Голем секс скандал ја стресе Шпанија откако фудбалери на кралскиот клуб Реал Мадрид беа уапсени поради споделување на сексуално видео со малолетничка.
Првично беше објавено дека се тројца, но се покажа дека се четворица, а нивниот идентитет медиумите успеаја да го откријат.
Тоа се Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19).
Тие се дел од Б и Ц тимот на Реал Мадрид. Во моментов се зад решетки, а полицијата ја продолжува истрагата.
Фудбалерите биле пријавени на 6 септември на Канарските Острови од мајката на малолетничката, а вчера биле приведени во полиција.
Мајката наводно изјавила дека еден од четворицата играчи на Реал Мадрид снимил сексуално видео, а потоа го споделил со другите.