More

    Ова се седумте избирачки места на кои в среда ќе се повторат изборите

    spot_img

    В среда на 22 мај ќе се одржи прегласување на седумте избирачки места во Изборна единица 5 и во Изборна единица 6. Одлуката за прегласување ја донесе Државната изборна комисија (ДИК) откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби против решенијата на ДИК поднесени од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

    Поради ваквата одлука на Управниот суд и на ДИК,  ДУИ обвини дека се прави изборен инженеринг со цел на партијата да и се одземат две освоени пратенички места.

    ДИК на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето за парламентарните избори во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img