Ова се петте најголеми руски загуби од почетокот на војната

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Петте најголеми воени загуби од почетокот на инвазијата го чинеа рускиот претседател Владимир Путин повеќе од една милијарда долари, проценува Форбс.

Најголема и најболна загуба секако е потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Станува збор за предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, кој потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија соопшти дека пожарот на бродот довел до потонување.

Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 од 86 милиони долари, јуришниот амфибиски брод Саратов од 75 милиони долари, авионите Су-30СМ од 50 милиони долари и авионите Су-34 од 40 милиони долари. Сите овие загуби надминуваат бројка од една милијарда долари.

Форбс пресметал дека од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август Русија изгубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари. Вкупниот број не ги вклучува руските ракети, пишува Newsweek.

Share This Article