More

    „Ова сѐ уште не сме го виделе“, предупреди првиот човек на Светска банка

    spot_img

    „Се наоѓаме во многу опасен момент!“

    Оваа изјава на првиот човек на Светска банка, Аџај Банга, предизвика лавина коментари на светските економски експерти.

    – Ова се уште не сме го виделе. Мислам дека се наоѓаме во многу опасен момент – изјави Банга на конференција за инвеститори во Ријад.

    Тој смета дека геополитичките тензии, кои се зголемени поради конфликтот на Блискиот Исток, во моментов претставуваат најголема закана за светската економија, но дека не треба да се потценуваат и другите ризици, пренесе Ројтерс.

    – Приносите на 10-годишните американски обврзници накратко надминаа 5%, што е ниво што се уште не сме го виделе – рече Банга, привлекувајќи внимание на зголемувањето на трошоците за задолжување ширум светот, што се заканува дополнително да ја забави светската економија.

    Банга предупреди и na ризикот од можна нова пандемија во иднина. Ризиците се менуваат, не треба да се концентрира само на еден проблем, а другите да се игнорираат, предупреди претседателот на Светска банка, потенцирајќи дека е потребно да се вклучи приватниот сектор за да се решат некои светски проблеми.

    Големи имиња во светот на економијата упатуваат нови предупредувања и укажуваат на катастрофалните последици што ќе ги претрпи глобалната економија во блиска иднина.

    По пандемијата на коронавирусот и по војната во Украина, светот го зафати уште една војна која, како што велат челниците на светската економија, само ќе ја продлабочи актуелната криза, а последиците ќе ги почувствуваме сите. Експертите велат дека ова се најнеизвесните времиња во последните неколку децении, додека други велат дека во моментов има премногу ризици во светот, а неодамна зборуваа и за конкретни закани за глобалната економија.
    Џејми Дајмон, директор на најголемата американска инвестициска банка JP Morgan Chase, пред неколку дена изјави дека ова е можеби најопасното време во кое живееме.

    – Ова е можеби најопасното време што светот го видел во последните неколку децении – рече Дајмон, во изјавата на прес-конференцијата посветена на кварталната заработка на банката.

    Шефот на најголемата американска банка според имотот, посочи на тековната војна во Украина, како и на нападите што Хамас ги започна врз Израел, за кои рече дека „може да има далекусежни влијанија врз пазарите на енергија и храна, врз глобалната трговија и врз геополитичките односи“.

    Покрај воените конфликти, Дајмон ги наведе зголемениот национален долг и „најголемиот мирен фискален дефицит досега“, за кои рече дека го зголемуваат ризикот инфлацијата и каматните стапки да останат високи. Тој неодамна ги предупреди клиентите за можноста каматните стапки не само да останат покачени, туку и значително да се зголемат.

    На неодамнешниот самит во Ријад тој исто така посочи дека централните банки направиле грешка во оценките за трендот на инфлација и за можноста за „мека“ рецесија.

    Бил Акман од Першинг Сквер во понеделникот откри дека го заштитил својот облог од долгогодишните државни обврзници, верувајќи дека инвеститорите може сè повеќе да купуваат обврзници како безбедно засолниште во услови на зголемени геополитички ризици, од кои последниот е војната Израел – Хамас.

    – Има превисок ризик во светот да останат краткорочните обврзници по сегашните долгорочни стапки – рече Екман во објава на Х, поранешен Твитер.

    Економијата забавува побрзо отколку што покажуваат последните податоци, напиша тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img