Ова е скандалозната ќерка на Џо Бајден

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден им се обрати на учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго.

Говорот на Џозеф Бајден на таа конференција го најави неговата 43-годишна ќерка Ешли Бајден која со својот изглед ги воодушеви сите, но и потсети на своето минато.

– Татко ми, твојот 46-ти претседател – Џо Бајден – со овие зборови Ешли го најави својот татко.

фото: Принтскрин

Која е Ешли Бајден?

Девојка која пораснала опкружена со политика. Ешли е социјален работник, филантроп и моден дизајнер, мажена за пластичен хирург кој е 14 години постар од неа.

Нејзиниот живот е полн со подеми и падови, ако се земе предвид дека дури и беше уапсена поради поседување дрога.

Како студентка била уапсена поради поседување марихуана, но не била осудена. Извештаите за нејзиното апсење се појавија во 2009 година кога еден нејзин пријател се обиде да продаде снимка на медиумите на која наводно се гледа како Ешли зема кокаин на забава. Џо Бајден не ги коментираше овие извештаи.

Најпознатата афера со дневникот

Ешли се најде во центарот на вниманието кога и го украдоа дневникот и беа откриени многу детали. Жената која го украла е уапсена, па се потврдило дека дневникот е Ешли и дека се во него е вистина.

- Advertisement -
Ad image

Таа во својот дневник напишала за своето искуство во рехабилитација од дрога и алкохол, но напишала и за некои трауматични искуства.

Во него пишувало дека Ешли се туширала со нејзиниот татко на возраст кога тоа било несоодветно. Таа изјавила и дека е зависна од сексуални односи, а како што вели, нејзината хиперсексуализација се проширила и на „прекумерна употреба на вагината бидејќи ги слушала родителите додека имале секс“, пренесува Дејли Меил.

Share This Article