More

    Ова е последица на измените во Кривичниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зекири. Казната во старите одредби на законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, затвор до 5 години, реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    „За косата на Радмила Шекеринска човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени кои беа направени пред еден месец.

    СДС фразата „Нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај, правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој се стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во влада, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити студијата за приватизација на Македонски пошти. Впрочем, токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зекири“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img