More

    Ова е официјалната причина за смртта на Навални

    spot_img

    Персоналот во казнената колонија ја известиле мајката и адвокатот на Алексеј Навални дека најпознатиот критичар на Кремљ починал од „синдром на ненадејна смрт“, објави денеска Иван Жданов, истакнат сојузник на Навални.

    Портпаролката на Навални денеска изјави дека не е познато каде е однесено неговото тело, бидејќи мртовечницата, која се наоѓа во близина на арктичкиот затвор каде што почина, соопшти дека не го примиле неговото тело.

    Навални, 47-годишен поранешен адвокат, се онесвестил и починал во петокот по прошетката во казнената колонија „Поларен волк“ во Карп, на околу 1.900 километри североисточно од Москва, каде што издржувал 30-годишна казна, објавија затворските власти.  Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, рече дека неговата мајка, Људмила, добила официјално известување за смртта на нејзиниот син. Според известувањето, Навални починал на 16 февруари во 14:17 часот по локално време.

    – Бараме телото на Алексеј Навални веднаш да му биде предадено на неговото семејство – рече Јармиш.

    Таа на платформата X објави дека вработен во затворот рекол дека руските инспектори го однеле телото на Навални во Салехард, град во близина на затворот. Кога мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, мртовечницата била затворена и тие се увериле дека телото на Навални го нема, рече Јармиш.

     

    – Истражниот комитет има милион опции. Имаме само една мртовечница во Салехард. Не примив никого, нема тела…нема документи – рекол вработен, наведувајќи други градови во регионот – Лабитнанги, Надим и Уренгој – каде телото на Навални би можело да биде испратено.

    Најмалку 212 лица се приведени од вчера на собирите во спомен на Алексеј Навални, објави организацијата за човекови права ОВД-Инфо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img