More

    Ова е новата шведска министерка за клима, таа има 26 години

    spot_img

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон во вторникот ја назначи 26-годишната Ромина Пурмохтари за министерка за клима и животна средина, со што стана најмладата министерка во историјата на Шведска.

    Пурмохтари е еден од петте министри од Либералната партија во 23-члената влада. Новата министерка, која досега беше лидер на Младите либерали, а од таа функција ќе поднесе оставка следниот месец, се истакна со редовни критики за сојузот со националистичката партија Шведски демократи (СД).

    „Улф Кристерсон без СД – апсолутно. Улф Кристерсон и СД – не благодарам“, напиша Пурмохтари на Твитер пред две години.

    На изборите на 11 септември победи коалицијата на Умерената партија на Кристерсон, либералите и демохристијаните, а шведските демократи ја поддржуваат таа трипартиска коалиција.

    СД, антиимигрантската партија, нема да има министри во овој кабинет, туку ќе биде дел од владата на ниво на државни секретари.

    Без големо искуство за климатски прашања, новиот министер, роден во ноември 1995 година во предградието на Стокхолм во семејство Иранци, ќе го преземе одделот за клима и животна средина во земја каде што најмладата климатска активистка Грета Тунберг (19) редовно ја критикуваше Шведска дека не прави доволно.за заштита на планетата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img