Првата сабота во август, кога европските туристи се враќаат од својот летен одмор во јули, додека другите само се упатуваат кон југ во потрага по сонцето на почетокот на август, е најпрометниот ден на најпрометната бензинска пумпа во Европа.
Дури ни зголемувањето на цените на горивото не спречи десетици илјади возачи на автомобили, мотоцикли и камиони да полнат гориво на бензинската пумпа на „Shell“ во Берхем во јужен Луксембург, на прометниот автопат А3.
Големото Војводство можеби е мало, но се наоѓа на раскрсницата меѓу Белгија, Германија и Холандија и се упатува на југ кон сончевите плажи на Франција, Италија и Шпанија. Но, што е најважно, во лето обележано со пораст на цените, горивото таму е евтино, што ја прави бензинската пумпа на „Shell“ во Берхем најпосакувана за возачите на камиони и за семејствата кои размислуваат за својот буџет.
Дури и надвор од бркотниците околу одморите, француските и германските возачи и прекуграничните работници често ги полнат своите резервоари со гориво во Луксембург. Кога летната дестинација на семејството е на Медитеранот, а полн резервоар гориво чини повеќе од 100 евра, убаво се заштедува.
Во саботата, две цистерни со капацитет од 40.000 литри гориво беа подготвени да извршат од 16 до 20 повратни патувања дневно за да работат непрекинато, подготвени за безбројните кампери кои го преполнија огромниот паркинг.
На почетокот на годината, поради руската инвазија на Украина и тешкотиите во глобалните синџири на снабдување поради пандемијата на коронавирусот, цените на горивата скокнаа, а нафтените гиганти остварија огромни профити. Сега цените малку паѓаат, владите се зафатија со субвенции, а Франција ги намали горивата на бензинските пумпи за 18 центи, а до септември намалувањето ќе изнесува 30 центи.
Екипата на АФП во саботата во Брисел платиле 1,79 евра за литар бензин, а просечната цена во Белгија е 1,867 евра за литар. Во луксембуршкиот Берхем, пак, литар чини 1,63 евра, а на возачите од речиси цела Европа не им пречи да чекаат редици. На таа станица има возачи на камиони од далечниот Кипар, Полска и Ирска.
– Ова е совршена локација среде Европа и поволните цени ни даваат предност – изјави менаџерот на најголемата бензинска пумпа „Shell“, Даниел Калдерон.
Според него, метежот не ги вознемирил расположените возачи кои по две години пандемични ограничувања со нетрпение го очекуваат летниот распуст.