НЕКОЛКУ британски медиуми објавија дека Роман Акимов (18) е убиен во Украина, што го прави најмладиот руски војник за кој е потврдена смртта за време на инвазијата на Украина.
Тој бил идентификуван со ДНК анализа, а неговите родители биле известени за неговата смрт три недели откако бил убиен.
Родителите Евгенија и Иван постхумно беа одликувани со руски орден за храброст, кој се доделува по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.
Дури на 10 април дознавме дека е убиен на 17 март.
Последен пат се слушнавме на 15 март“, изјави сестрата на Роман, Наталија. „Тој рече дека е жив и здрав. После тоа изгубивме контакт. Дури на 10 април дознавме дека е убиен на 17 март. Смртта е констатирана со анализа на ДНК примерок“, изјави Наталија Акимова.
Мајката на Роман на социјалните мрежи објави фотографија од него и следниов текст: „Никогаш нема да те заборавам, ветувам. Немав време да ви кажам толку многу. Прости ми за сите лоши работи. Само да можам да те гушнам цврсто“.
Посакувам последен пат да се збогувам со тебе и последен пат да те погледнам во очи“, стои во објавата на мајката на Роман. Роман Акимов бил регрутиран во руската армија во сибирскиот регион Краснојарск.