More

    Ова е кражба, одговорот ќе биде многу остар

    spot_img

    Москва денеска го предупреди Западот дека рускиот одговор ќе биде многу остар доколку Соединетите Американски Држави и Европската Унија запленат руски имот во вредност од стотици милијарди долари. По руската инвазија на Украина во 2022 година, САД и нивните сојузници забранија трансакции со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Запад.

    Вчера беше објавено дека ЕУ усвои закон за користење на профити од замрзнатите средства на руската централна банка, што е прв конкретен чекор кон целта на Унијата да ги искористи парите за финансирање на обновата на Украина.

    – Ова е кражба. Тоа е присвојување на нешто што не ви припаѓа – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за радио „Спутник“, пренесува ТАСС.

    Захарова рече дека одговорот на Москва ќе биде „исклучително остар“ бидејќи Русија смета дека има работа со крадци.

    – Со оглед на тоа што нашата земја ова го квалификува како кражба, односот ќе биде како кон крадците. Не политички манипулатори, не технолози кои претерале, туку крадци – рече Захарова.

    Москва соопшти дека ако ѝ биде запленет имотот, ќе го заплени имотот на западните земји.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img