More

    Ова е филмот во кој Ибрахимовиќ ќе глуми негативец

    spot_img

    Трејлерот за најновиот филм за стрип јунаците Астерикс и Обеликс под насловот „Астерикс и Обеликс: Средното царство“ (Asterix and Obelix: The Middle Empire), кој е и актерска премиера на легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, конечно излезе.

    Со вкупна пресметка од 60 милиони долари, петтиот филм од славниот серијал ќе биде еден од најскапите во француската историја.

    Напаѓачот на Милан ја доби улогата на амбициозниот водач Антивирус, на кого Цезар му ја доверил задачата да го избрише непобедливото галско село, единствената територија во Галија која не ја освоил.

    Поранешниот непријател на Галија од селото, офицерот Каиус Бонус (го игра францускиот актер Жан-Пјер Касталди) бил отстранет од должноста, а на негово место пристигнува Гај Антивирус, во римскиот гарнизон во соседството на селото.

    Одлучен е, брутален и не бира средства. За него, наредбата на Цезар е закон, а тој ќе се обиде да ја спроведе додека Астерикс и Обеликс се во Кина. Имено, заплетот на петтиот дел од популарната франшиза е сместен на Исток, каде што неразделните пријатели отишле да и помогнат на принцезата во неволја, пишува порталот movieweb.

    Улогата на Обеликс претходно ја играше Жерар Депардје, но во ова продолжение го игра францускиот актер Жил Лелуш. Овој пат Цезар го игра филмската ѕвезда Винсент Касел.

    Во филмот „Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра“ се појавил некогаш најдобриот фудбалер на светот Зинедин Зидан, додека во 2008 година во филмот посветен на Олимписките игри во античка Грција се појавил Михаел Шумахер.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img