More

    Отворено писмо од Левица до амбасадорката на САД

    spot_img

    Партијата Левица испрати отворено писмо до Амбасадорката на САД – Анџела Прајс Агелер, во кое бара извинување поради, како што се вели во писмото, стимулација на јазична федерализација на Македонија.

    Имено, на 31 јануари 2023 година, од страна на Амбасадорката испратена е честитка на албански јазик до техничкиот претседател на Влада, амнестираниот воен злосторник, Талат Џафери. Иако испраќањето честитка претставува симболичен гест, сепак, беше погазен Уставот на Република Македонија (член 7).

    Сметаме дека овој потег на амбасадорката е спротивен на стратешките интереси на Македонија, подгрева меѓуетничка тензија, претставува отворена поддршка на трибалистичките политики на етнички профилирана политичка партија и поттикнува јазична федерализација, која го загрозува суверенитетот и унитарноста на Републиката“ – се вели во отвореното писмо од Левица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img