More

    Отворени граничните премини во Северно Косово

    spot_img

    По три недели дена, почна остранувањето на барикадите поставени од етничките Срби на северот на Косово. Според информациите, прво била остранета барикадата која беше поставена на два километри од граничниот премин Мердаре, а попладнево се тргаат и останатите.

    Косовската полиција соопшти дека граничните премини „Јариње“ и „Брњак“ се отворени и дека по речиси три недели првите автомобили поминале на овие премини од територијата на Косово кон Србија и обратно.

    – И покрај тоа тензијата е уште висока – истакна претставникот на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

    Барикадите на граничните премини на северот на Косово првично беа подигнати поради апсењето на поранешниот косовски полицаец Дејан Пантиќ, кој сега е во домашен притвор.

    Тоа беше едно од барањата за отстранување на барикадите, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека добил гаранции од САД и ЕУ дека ќе се исполнат и другите барања на Србите.

    Станува збор за барања лицата кои биле на барикадите да не бидат кривично гонети, а КФОР (мисијата на НАТО на Косово) да гарантира дека нема да дозволат косовските специјални единици да одат на север.

    Српскиот претседател Вучиќ изјави дека нема повеќе игри со Србија и дека ситуацијата на Косово допрва ќе биде опасна.

    – За мене е важно да ги исполнат работите од гаранциите што ги дадоа. Важно ми е да разберат дека се правеле наивни и дека гледале како некој крева четири бази. И се поставува прашањето зошто го правите тоа, за да изградите доверба или за да им се заканувате на луѓето? Затоа барам да ги тргнат тепачите рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img