Отсечена човечка глава е пронајдена во вторникот пред зградата на судот во западниот германски град Бон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Отсечена човечка глава е пронајдена во вторникот пред зградата на судот во западниот германски град Бон.
– Случајни минувачи во раните вечерни часови ја алармирале полицијата и пријавиле дека дел од телото се наоѓа пред влезот на судот. Набргу потоа, дознавме дека се работи за човечка глава-  изјави портпаролот на полицијата.
- Advertisement -
Ad image

Торзо за кое се претпоставува дека е од истото тело било пронајдено во близина на брегот на реката Рајна, недалеку од историската царинска зграда Алтер Зол.

Местата каде што се пронајдени деловите од телото се оддалечени околу еден километар.

Во близина е приведен еден осомничен. Полицијата соопшти дека  станува збор за 38-годишен маж кој им е познат во врска со наркотици.

„Се верува дека и осомничениот сторител и неидентификуваната жртва се бездомници“, соопшти полицијата.

До синоќа не беше пронајдено оружјето со кое е извршено делото. Инспекторите и натаму трагаат по сведоци.

Share This Article