Откупната цена на тутунот достигна 400 денари за прва класа и заедно со зголемената субвенција, тутунарите ќе добијат 500 денари по килограм предаден тутунот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откупната цена на тутунот достигна 400 денари за прва класа и заедно со зголемената субвенција, тутунарите ќе добијат 500 денари по килограм предаден тутунот, соопшти денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

– По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е да првата класа се откупува за 400 денари. Имаме  покачување од 375 денари на 400 денари“, изјави Трипуновски на  денешниот настан „Пчеларски ден-знаење и дружење 2024“.

Тој додаде дека субвенцијата за првата класа на тутун е зголемена од  80 денари ја покачивме на 100 денари со што се доаѓа до заокружена цена од 500 денари.

– Со ова покажуваме дека навистина оваа гранка ни е многу важна и од социјален и од економски аспект – рече тој.

Министерот рече и дека оваа мерка е поздравена и од Сојузот на тутунарите.

Share This Article