Помалку од два месеци откако Бакингемската палата потврди дека на кралот Чарлс III му бил дијагностициран рак, изворите откриваат дека кралот се бори со рак на панкреасот и дека има најмногу уште две години живот.
Иако кралското семејство ги таи инфомациите за спецификите на болеста на Чарлс, вклучувајќи го и типот на рак што го има, извор за британските медиуми ексклузивно потврдува дека дијагнозата на кралот е „јавна тајна“ меѓу кралскиот персонал.
– Многу дворјани веруваат дека стадиумот на канцерот на кралот Чарлс е полошо од тоа што се прикажува во јавноста. Дури и пред да биде позната дијагнозата, постоеше загриженост за неговото здравје – додаде друг инсајдер за InTouchWeekly.
Бакингемската палата на 5 февруари потврди дека на кралот Чарлс (75) му бил дијагностициран неодреден облик на рак. Тој беше дијагностициран по бенигна операција за зголемена простата на 26 јануари.
„Неговото височество денеска започна распоред на редовни третмани, при што неговите лекари го советуваа да ги одложи јавните обврски. Во овој период, Неговото Височество ќе продолжи да ги извршува владините деловни и официјални документи како и обично“ – соопштија од кралската палата.
Оттогаш, монархот присуствуваше на неколку јавни ангажмани.
-Чарлс оди во чекор со некои појавувања, не само за да ги уништи дивите теории на заговор и лажните извештаи за неговата смрт, туку и да им покаже на луѓето дека сè уште може да ги извршува своите должности како крал – вели друг извор, додавајќи дека Чарлс „се придржува на упатствата на лекарот и подготвен е да проба каков било третман што би можел да му го продолжи животот барем за неколку години“.
Чарлс Трети стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, во септември 2022 година. Тој формално ја прифати кралската титула на неговото крунисување во мај 2023 година.
– Трагедија е тоа што Чарлс нема да може да ги следи стапките на својата мајка и да остави трајно наследство како таа – истакнува првиот инсајдер.
Во екот на битката на кралот против ракот, неговата сопруга, кралицата Камила, неговата сестра, принцезата Ана и неговиот најстар син, принцот Вилијам, се вклучија за да помогнат и да ги извршат обврските и настаните што кралот мораше да ги пропушти.
– Неговите помошници можат да потврдат дека Чарлс сè уште е загрижен за своето наследство – вели изворот, додавајќи дека шефот на кралското семејство „се грижи“ дали принцот Вилијам (41), кој е следен на редот за тронот, е подготвен да го преземе неговото место како крал.
Во меѓувреме, семејството останува оптимист за состојбата на Чарлс во очите на јавноста.
– Одлично му оди со лекувањето. Кралот беше многу разочаран што не можеше да дојде – рече неговата сопруга, кралицата Камила (76) за време на посетата на Северна Ирска во четвртокот, на 21 март.
Палатата со недели не објавува никакви официјални информации за здравјето на Чарлс, но ги негираше информациите дека тој починал во понеделникот, на 18 март.
„Среќни сме што можеме да потврдиме дека кралот продолжува со официјалната приватна работа“ – се вели во соопштението на Бакингемската палата.