More

    Откриени стравични детали за грозоморното убиство во Добој

    spot_img

    Саша Кулишиќ, кој на почетокот на минатата недела беше убиен во Добој, долго време бил труен со „треан“, лек за успивање кој може да се купи само на рецепт. Окружниот суд во Добој соопшти дека 14-годишната ќерка на Кулишиќ кобната вечер, кога бил убиен, на својот татко му турила неколку здробени таблети во лимонада, пренесува Кликс.

    Судот наведува дека вечерта девојката измешала неколку таблети „треан“ со лимонада и му дала на својот татко да се напие. Лекот за неа претходно го набавила нејзината тетка, односно сестрата на нејзината мајка. Потоа, Кулишиќ го заклале неговата 32-годишна сопруга и нејзиниот 19-годишен љубовник.

    Тамара, ќерката на Саша од првиот брак, вели дека никој ниту во своите најлуди соништа не можел да замисли вакво злосторство.

    – Сето тоа се случило на спиење… Тааа монструм жена, на татко ми му турила таблети за спиење и тој ги испил. Бил дезориентиран и тоа момче од 19 години го удрило татко ми три пати со боксер во главата и така изгубил свест – изјави Тамара за Мондо.

    Таа вели дека чувствува и тага и гнев откако открила што се случувало со нејзиниот татко.

    – Не можам да ја опишам мојата состојба, чувствувам и тага и гнев. Откривајќи кој и на кој начин го убил татко ми… Не знам. Она што 100% сигурно можам да го кажам е дека мотивот за ова убиство се пари! Користољубие и ништо друго. Па, тоа 19-годишно момче, само еден ден пред да се случи сѐ, на Инстаграм ги објави парите и напиша: „стигна платата, дали некому му треба ситно“. Страшно! – вели ќерката на убиениот Саша Кулишиќ.

    Судот детално опиша како сопругата и љубовникот го убиле Кулишиќ. Во се учествувала неговата малолетна ќерка, неговата сопруга Андреа Кулишиќ и нејзиниот љубовник Дражен Лазаревиќ. Првите резултати од истрагата укажуваат дека Андреа и Дражен решиле да извршат кривично дело за да можат да ја продолжат љубовната врска, за што, како што пишува Кликс, неодамна дознал и нејзиниот сопруг.

    Не е исклучена можноста зад сѐ да стои користољубие, односно дека осомничените сакале да го присвојат имотот на Кулишиќ, убедени дека кога него ќе го нема, ним ќе им остане куќата и бизнисот. Телото на убиениот Саша Кулишиќ е пронајдено во шума во околината на Добој. Тој бил гол и врзан за дрво со јаже и со селотејп.

    „Осомничените се обвинети дека имале намера да му го одземат животот на Кулишиќ, на 29 јануари попладне откако малолетната А.К.(14), ќерка на осомничената Андреа и убиениот Саша, според претходен договор, здробила поголем број таблети „треан“ од 10 мг, кои по барање на осомничените ги купила сестрата на Андреа, и ги измешала со вода.

    Според договорот со осомничените, малолетничката вечерта отишла во семејниот дом на нејзиниот татко, каде што направила лимонада со вода во која имала искршени таблета, која му ја дала на својот татко со намера да го успие. Мајката и ќерката претходно му дала на Кулишиќ од тие таблети без тој да знае за тоа“ – стои во судското известување.

    Откако апчињата почнале да делуваат и тој заспал, ќерката ја оставила отклучена влезната врата од куќата, известувајќи ги осомничените кои дошле и влегле внатре.

    „По влегувањето во внатрешноста на куќата, на малолетната ќерка и било кажано да оди во дневната соба и да ја затвори вратата, а осомничените влегле во просторијата во која спиел Кулишиќ, главата му ја залепиле со селотејп, а нозе и рацете му ги врзале со јаже и му задале неколку удари од кои искрварил, а потоа го извадиле од куќата и со моторно возило го однеле во шумата во непосредна близина на блиското излетничко место. Таму осомничените со непознат предмет му нанеле четири убодни рани и од повредата и загубата на крв настапила смрт, а потоа во таква состојба го оставиле во шума и се упатиле во непознат правец“ – соопшти Судот изнесувајќи ги во јавност стравичните детали од грозоморното убиство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img