More

    Откриени неверојатни детали од договорот на Меси, вакво нешто никој немал

    spot_img

    По неколку недели нагаѓања и шпекулации, Меси донесе одлука да се пресели во Интер Мајами. Пропадна враќањето во Барклеона, но и патувањето во Саудиска Арабија, па Аргентинецот ќе започне нова авантура во МЛС лигата.

    Не помина долго време додека беа објавени деталите за договорот на Меси со тимот во сопственост на Дејвид Бекам.

    Посебно се издвојуваат три работи, од кои некои до сега не сме можеле да ги видиме кај ниту еден фудбалер.

    Меси ќе добие процент од продажбата на МЛС телевизиските права на уредите на Apple.

    Меси ќе добие процент од продажбата на неговите дресови на Интер Мајами, кој Адидас ќе го плати директно.

    Меси ќе добие опција да купи акции во клубот по завршувањето на неговата играчка кариера.

    Еден од деталите што е особено фасцинантен е што во неговото доведување учествуваа сите клубови кои сакаа да ја подигнат популарноста на лигата на овој начин, што е своевиден преседан.

    „Донесов одлука. Не се враќам во Барселона, одам во Интер Мајами. Да се ​​работеше за пари, ќе одев во Саудиска Арабија. Јасно е дека парите не ми беа на прво место. Подготвен сум за нов предизвик. Ми недостигаат некои работи, детали, но решивме да продолжиме по тој пат. Сакав да ја напуштам Европа, да излезам од центарот на вниманието и да размислувам повеќе за моето семејство. Сигурно има луѓе кои не сакаат да се вратам во Барселона, исто како што не сакаа да останам кога требаше да заминам. Како и многу луѓе што ги познавам кои сакаат да се вратам и тоа јавно го објавија, но сигурно има луѓе во управата кои не сакаат да се вратам, кои веруваат дека моето враќање не е добро за клубот“, изјави Меси. по одлуката да ја продолжи кариерата во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img