Откриена причината зошто сопругот на Кортни заврши во болница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Веста дека тапанарот Тревис Баркер е итно хоспитализиран во Лос Анџелес вчера го обиколи светот, но не се знаеше причината поради која завршил во болница.

Извор за магазинот „Пипл“, пак, откри дека Баркер бил примен во болница поради воспаление на панкреасот, орган кој помага при варењето и го регулира шеќерот во крвта.

„Се жалеше на грчеви и болки“, рекол изворот. „Кортни беше многу загрижена“.

Инаку, неговата ќерка Алабама Баркер објави фотографија од раперот од болничкиот кревет, која набрзо ја избриша.

Тапанарот на бендот „Blink-182“, придружуван од неговата сопруга Кортни Кардашијан, се појавил во болницата Вест Хилс, а потоа со возило на брза помош бил пренесен во медицинскиот центар Седарс-Синај. Кортни цело време била во брзата помош.

Обожавателите на Баркер беа загрижени поради неговата последна објава на Твитер во која тој накратко напиша „Боже, спаси ме“ (God Save Me). Така гласи и насловот на песната од неодамна објавениот албум на Машин Ган Кели, чиј продуцент беше Баркер.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article