More

    Откриена причината за смртта на внукот на Роберт де Ниро

    spot_img

    Потврдена е причината за смртта на Леандро де Ниро Родригез, внук на холивудскиот актер Роберт де Ниро.

    Деветнаесет годишниот Леандро починал од комбинација на недозволени дроги, изјави њујоршкиот медицински вештак за „Пејџ сикс“. Според резултатите од аутопсијата, Леандро во моментот на неговата смрт во својот организам имал фентанил, бромазолам, алпразолам, 7-аминоклоназепам, кетамин и кокаин.

    Неговата смрт се води како „несреќен случај“.
    Девојката, која е уапсена под сомнение дека е директно поврзана со неговата смрт, наводно го предупредила тинејџерот што се апчињата кога му ги продала.

    Да потсетиме, Леандро де Ниро Родригез почина на почетокот на јули.

    „Длабоко сум тажен поради смртта на мојот сакан внук Лео. Ги цениме сите изрази на сочувство. Бараме приватност додека тагуваме поради загубата на Лео“, изјави Роберт де Ниро за „Пејџ сикс“ по смртта на својот внук.

     

    ФОТО: Eudardo Munoz/ Reuters/Instagram

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img