Откриена причината за смртта на познатата актерка и манекенка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откриена е причината за смртта на актерката и модел Шарлби Дин, која ненадејно почина на крајот на август, на 33-годишна возраст.

Иако се сомневаше дека причина за смртта на младата актерка е вакцината против коронавирусот, судскиот вештак откри дека тоа не е така. Судскиот вештај од Њујорк потврди за „Пипл“ дека актерката починала од компликации од рутинска операција што ја имала пред 1о години.

Нејзиниот брат Алекс Џејкобс изјавил дека Шарлби Дин доживеала тешка сообраќајна несреќа во 2008 година, по што лекарите ѝ ја отстраниле слезината. Таа, исто така, ги набила или скршила ребрата и грбот во несреќата. Медицинскиот истражител од Њујорк во средата потврди дека причината за смртта е сепса. Нејзината бактериска сепса настанала откако била заразена со бактерија позната како Capnocytophaga.

Иако инфекцијата е ретка, постојат различни видови на такви инфекции, кои се развиваат во устата на луѓето и кои се присутни и во устата на животните. Луѓето со автоимуни проблеми и без слезина се особено чувствителни. Не е јасно дали каснувањето од животно е одговорно за инфекцијата на актерката, бидејќи вештакот јавно не ја објави нејзината целосна обдукција.

Шарлби Дин беше ѕвезда на филмот „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд, кој ја освои престижната Златна палма на филмскиот фестивал во Кан во мај. Позната е и по улогата на Сионид во серијата „Black Lightning“, а се појавила и во филмови како „Мртва трка 3“, „Крв во водата“, „Не спиј“…

Share This Article