Откриена причината за разводот на Силвестер Сталоне

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пред неколку дена во светот на познатите и славните одекна веста дека се разведуваат Силвестер Сталоне (76) и Џенифер Флавин (54).

Иако се појавија неколку шпекулации, извор близок до парот за списанието „Пипл“ изјавил дека разводот е резултат на преголемите разлики.

„Тие се меѓусебно многу различни и што се однесува до годините и што се однесува до темпераментот. Она што некогаш било возбудливо и на што гледале како на предизвик, станало рутина и напорно“, раскажал неименуваниот извор.

Изворот додал и дека една од причините би можела да биде таа што Сталоне е „нагла и непромислена“:

„Тој ги правеше нештата прилично импулсивно и често без консултација со Џенифер. Со години се таложеа многу малите несогласувања. Таа не поднесе барање за развод поради една работа. Веќе со години имаат многу проблеми и едноставно ѝ беше доста од сè“, заклучил изворот за „Пипл“.

Според пишувањата на странските медиуми, Флавин поднела барање за развод на 19 август. Во судските документи пишува дека актерот „учествувал во намерно исцрпување и/или трошење на брачниот имот“.

Сталоне првично коментирал за „Пипл“ дека семејството „пријателски и приватно“ ги решава личните проблеми, а подоцна искоментирал дека „секој тргнал во различна насока“.

„Многу ја почитувам Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најмилата личност која некогаш сум ја запознал“, изјавил актерот додека неговиот адвокатски тим негирал дека тој „го исцрпил семејниот имот“.

Силвестер и Џенифер се венчаа во 1997 година, а парот има три ќерки: Скарлет, Систин и Софија.

Share This Article