More

    Откриен е најважниот детал од договорот на Мбапе со Реал

    spot_img

    Се поизвесно е дека Килијан Мбапе на крајот од оваа сезона ќе потпише договор со Реал Мадрид, но деталите од таа соработка се уште не се целосно обелоденети.

    Само вистинско чудо ќе ги раздели Реал и Мбапе оваа година, откако Французинот веќе се прости од Пари Сен Жермен и навивачите на тој клуб.

    Хавиер Тебас, претседателот на шпанската фудбалска лига, откри дека Мбапе и Реал ќе потпишат петгодишна соработка.

    Доаѓа во Мадрид следната година, следната сезона, да, да“, изјави Тебас во интервјуто што го објави аргентинскиот спортски дневен весник „Оле“.

    Со Мбапе Реал веројатно ќе го има најсилниот тим на светот.

    „Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот. Но, тука се и Винисиус и Белингем. Мадрид ќе има голем тим“, изјави Тебас.

    Реал ја освои титулата во шпанското првенство, но на 1 јуни во Лондон го чека финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, која штотуку ги исфрли Мбапе и ПСЖ.

    Запомнете, Мбапе никогаш не ја освоил титулата во Лигата на шампионите, што веројатно ќе биде неговата најважна цел во новиот клуб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img