Откази добиле 10,4% од вработените во текстилната индустрија за облека

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година се зголемил за 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на бројот на работници е забележан речиси во сите индустриски гранки. Така бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст од 6 %, во секторот „преработувачка индустрија“ пораст од 2,4 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 0,8 %.
Најголем пораст на бројот на вработени од 52,6% е забележан во индустријата за поправка и инсталирање на машини и опрема.

Најголемо намалување на вработените од 10,4% има во индустријата за производство на облека и во индустријата за производство на електрична опрема каде што е ист процентот на намалување на бројот на работници.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај „енергија“ од 4,5 %, „капитални производи“ од 17,5 % и „трајни производи за широка потрошувачка“ од 1,6 %, додека опаѓање има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 6,9 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1,7 %.

Share This Article